Вести Свет Топ вести

Евроамбасадорот во Србија бара темелна истрага за евентуална прекумерна употреба на сила врз демонстрантите

Амбасадорот на Европската Унија во Белград, Андреас фон Бекерат повика на темелна истрага за секое сомневање за употреба на прекумерна на сила од полицијата врз демонстрантите во Србија, по вчерашната средба со претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ.

Средбата се одржа во време на обновени антивладини протести во Белград и други градови во Србија, кои се интензивираа од почетокот на август. Протестите ескалираа по вербални и физички судири меѓу две групи – граѓани и приврзаници на владеачката Српска напредна странка – во два града во автономната покраина Војводина.

Фон Бекерат нагласи дека полициските акции мора да бидат пропорционални и во согласност со основните права, истакнувајќи ги загрижувачките извештаи за закани и насилство врз новинари.

Тој и Брнабиќ разговарале за политичката состојба во земјата, реформите во изборната рамка и медиумите, како и за европскиот пат на Србија, кој нуди решенија за клучните предизвици, вклучително владеењето на правото, слободата на медиумите, изборните реформи и создавањето поволна средина за граѓанското општество.

Амбасадорот на ЕУ ги поздрави напорите на Брнабиќ за напредок во изборот на членовите на Советот за регионални промени и во изборното законодавство, нагласувајќи ја потребата од инклузивен и транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе