Вести Најважни Свет

(ВИДЕО) Србија бара правда, не репресија – во синоќешните насилства повредени 42 полицајци, 37 лица се приведени

Синоќешните антивладини протести низ Србија прераснаа во насилни судири, при што беа повредени 42 припадници на полицијата, а беа приведени 37 лица, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Најмногу повредени има во Белград – 26 полицајци, додека во Панчево и Ваљево биле повредени вкупно 16.

Министерот потврди дека меѓу приведените има и 23-годишен хрватски државјанин, обвинувајќи за надворешно мешање и организирано нарушување на јавниот ред и мир.

Протестите, организирани од студентското движење „Студенти во блокада“, се одржаа во повеќе од 30 градови низ Србија под слоганот „Вечерва пукате по шевовите“.

Демонстрантите во Нови Сад ги демолираа просториите на владејачката Српска напредна партија (СНС), а слични немири беа забележани и во Белград, каде дојде до судири меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачи на власта.

Претседателот Александар Вучиќ најави реформи во полицијата и обвинителството, како и поостра борба против, како што ги нарече, „бандитите и насилниците“. Тој потенцираше дека државата ќе продолжи со апсењата, но дека нема да воведе вонредна состојба.

Српскиот патријарх Порфириј повика на смирување на тензиите и отфрлање на омразата и насилството.

Меѓувреме, Обединетите нации изразија загриженост поради, како што наведуваат, зголемена репресија врз студентите, академската заедница и граѓанското општество. Според извештај на седум известувачи на ОН, српската влада систематски ги задушува критичките гласови, што може да доведе до уште подлабока политичка и општествена криза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio 021 (@radio_021)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio 021 (@radio_021)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VALJEVO – LIVE (@valjevo_live)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе