Вести Најважни Свет

Не сум видел толку омраза и бес кон службени лица, морав да пукам во воздух – војникот кој употреби оружје на протестите синоќа во Нови Сад

Владимир Бркушанин, заставник на Војската на Србија, кој пукаше во воздух за време на синоќешните протести во Нови Сад, рече дека билна редовна задача кога биле нападнатиод група од околу 100 луѓе. Тврди дека, кога биле опколени од три страни, проценил дека неговиот живот и животите на неговите колеги биле загрозени и истрелал куршум во воздух, во безбеден правец.

На синоќешните протести пред просториите на СНС во Нови Сад дојде до ескалација меѓу демонстранти и граѓани, кога бил снимен маж како пука во воздух. Бркушанин вели дека бил на задача за обезбедување на едно лице, кога биле нападнати од група од речиси 100 луѓе со метални и дрвени палки, пиротехнички средства, факели и камења, пренесува Н1 Белград.

„Нападот беше силен. Пружавме главно пасивен отпор, ги штитевме виталните делови на телото и се противевме колку што можевме. Во моментот кога нè опколија од три страни, а зад нас имаше ѕид, проценив ризик по мојот живот и животите на моите колеги. Употребив огнено оружје и истрелав куршум во воздух, во безбеден правец“, рече Бркушанин.

Последицните по него, додаде, ќе биле значително потешки по него и неговите колеги ако не го сторел тоа.

„Со оваа работа се занимавам повеќе од 20 години и никогаш не сум бидел толкава омраза и бес кон службени лица. Знаеја дека сме службени лица, повеќе пати ги предупредивме, но тоа немаше никаков ефект. Во мојата долга кариера не сум видел ништо слично и многу сум изненаден“, додаде Бркушанин.

Фото: printscreen

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца мртви во напад врз Московската област

Sasko Dimovski

Левица: СДСМ да се изјасни за една изборна единица

Sasko Dimovski

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе