Вести Македонија Топ вести

Полицијата ќе ги одземе печатите од гимназијата во Демир Хисар и ќе ги предаде во ОЈО

Директорката на гимнaзијата во Демир Хисар, Маја Лозановска денеска даде изјава во полицијата по што, по насока на јавен обвинител, полициските службеници ќе ги одземат училишните печати од сефот во училиштето и ќе ги предаде на Основното јавно обвинителство Битола кое ќе процени кога и на кого ќе ги врати.

„Извршија информативен разговор со директорката, беше укажано каде се печатите, беше консултирано и обвинителството и по негова насока печатите ќе се предадат на службено лице. Потоа обвинителот ќе оцени на кого ќе ги предаде. Маја Лозановска сè уште е запишана како директор во Централниот регистар. Се надеваме дека ОЈО ќе ги има предвид и околностите дека на 9 август се распишани избори“, изјави адвокатот Жаре Стевановски.

Разврската околу печатите следува откако градоначалникот на Демир Хисар ја разреши Лозановска која во тој период беше на боледување и на нејзино место назначи в.д. директор. Лозановска не го прими решението за разрешување, бидејќи не беше присутна на работа, а откако печатите не беа пронајдени во училиштето за да се спроведе директорската смена, во петокот доцна вечерта беше извршен претрес во нејзиниот дом и во службените простории.

Полицискиот началник инсистираше таа да биде спроведена на информативен разговор на носилки. Откако вчера ѝ заврши боледувањето, Лозановска се појави во полиција, но беше вратена со образложение дека никој не ја повикал. И беше закажан информативен разговор за денеска. Градоначалникот Никола Најдовски вчера изјави дека ја разрешил Лозановска врз основа на решение на Државниот просветен инспекторат.

„За учебната 2023/2024 година не се реализирани 158 наставни часа. Овие груби прекршувања се евидентирани во член 93, поради што се повикувам да ја разрешам директорката“, вели Најдовски.

Лозановска, пак, тврди дека до ДПИ доставила известување со образложение дека намалениот фонд на часови се должи на неработни денови поради празници или избори, со што се соочиле сите училишта. Според неа, за разлика од средното образование, во основните училишта Министерството за образование и наука ја продолжи учебната година за седум дена.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе