Седум Палестинци од исто семејство се убиени во израелски напад во текот на ноќта. Меѓу убиените во нападот се дедо, неговите четири деца, внуче и уште еден роднина, според списокот на жртви на здравствената установа Насер во Кан Јунис по нападот врз станбена зграда во западниот дел од градот.

-Среде ноќ, два дрона удрија во станот и експлодираа и сите во станот беа убиени. Нека Бог им се смилува, вели родинина на загинатите.
Воздушното бомбардирање на Газа од страна на Израел продолжува додека Нетанјаху највавува дека ќе ја прошири својата офанзива во повеќе области на територијата кои сè уште не се под наредби за раселување.
-Седум, седум луѓе.. Меѓу кои и четиригодишно дете беа убиени. Нека Бог им се смилува на сите, вели очевидец.

Ова доаѓа и покрај зголемените повици од многу од неговите најблиски сојузници за прекин на војната, а планот се соочува со отпор во рамките на Израел од семејствата на преостанатите 20-тина живи заложници што ги држи Хамас и членови на безбедносниот естаблишмент, кои велат дека во овој момент има малку што да се добие воено. Воздушната и копнената офанзива на Израел во Газа веќе ги расели повеќето Палестинци и ја турна територијата кон глад.
Министерството за здравство на Газа вели дека се убиени повеќе од 61.400 Палестинци, околу половина од загинатите биле жени и деца.
(видео)Ал Џезира: Петмина новинари убиени во израелски напад во Газа
