Вести Свет Топ вести

Зеленски: Украина нема да отстапи територија, дури и ако САД и Русија преговараат без нас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да отстапи ниту педа од својата територија, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави средба со рускиот лидер Владимир Путин, на која би се разговарало за прекин на огнот.

Зеленски предупреди дека мировни преговори без учество на Украина нема да донесат резултати.

„Ова е токму она од што отсекогаш стравувавме – договор зад затворени врати. Украина нема да прифати договор што не го вклучува нашиот глас,“ рече тој, потенцирајќи дека територијалниот интегритет на земјата е неприкосновен.

Средбата меѓу Трамп и Путин ќе биде прва директна комуникација меѓу нив од 2019 година. Трамп претходно најави можност за „размена на територии“ како услов за постигнување мир, што предизвика жестоки реакции од Киев. Украинските власти тврдат дека тоа би било капитулација и отворена поддршка за руската агресија.

Во меѓувреме, украинската државна служба за итни случаи соопшти дека руските сили извршиле нови ноќни напади врз станбени објекти во источните региони Харкив и Днипро, при што има повредени и сериозна материјална штета.

Средба Трамп – Путин за Украина на 15ти август на Алјаска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе