Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борисов предлага експертска влада до декември

/

Свет

Сподели преку :

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов им се заблагодари на својата партија и нивните коалициски партнери од СДС, наведе тој во изјавата на својот профил на Фејсбук.

Борисов во обраќањето нагласи дека победува на парламентарни избори во Бугарија по петти пат по ред,. Во своето обраќање, Борисов предложи формирање експертска влада до крајот на годината за справување со последиците од Ковид-19.

„Јас ви нудам мир – да ги ставите експертите и да преземете одговорност да излеземе од пандемијата до декември и да тргнеме напред“, наведе Борисов.

„Немате експертиза, луѓе, мора да научите и имаме огромен потенцијал. И наместо да зборуваме за тоа кој е поголем, да размислиме како да бидеме поконсолидирани, бидејќи светот не гледа“.

Борисов им предложи на политичките сили да одржат состанок за неколку дена и да разговараат.