Вести Македонија Топ вести

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Иако за денеска на пладне беше најавена презентација на завршената реконструкција на централата на скопските Управни служби на МВР во зградата на МТВ, еден час претходно настанот беше откажан.

На настанот беше најавено и присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски како и на раководителите на Управните служби каде се издаваат лични документи на граѓаните од главниот град како и други документи како изводи од матични книги, уверенија и потврди.

-Ве известуваме дека отворањето на новите реновирани Управни служби на Министерството за внатрешни работи во зградата на МТВ се одложува за неколку денови. За точниот датум ќе ве известиме дополнително, објави официјално МВР.

Од МВР, на прашања поставени по телефон на повеќе претставници, ни беше посочено дека настанот е откажан поради се уште нецелосното реновирање и подготвување на објектот за работа. Градежните работи и зафати се целосно завршени, но не биле довршени и прецизирани информатичките табли и покажувачите за ред по издадени бројчиња за услуги во Управната служба односно апаратите и налепниците за одбележување на кабините и шалтерите за вадење на документи.

Во текот на денешниот ден е направена проверка и тестирање на тој систем, а МВР најави дека настанот ќе биде презакажан за неколку дена. Најавениот настан беше прв на кој ќе се појавеше министерот Тошковски откако вчера родители на загинатите во Кочани побараа негова оставка заедно со оставките на претседателката Силјановска и премиерот Мицкоски поради недоверба во институциите, неисполнување на ветувањата и малиот зафат на полициски службеници и началници од Кочани во утврдувањето одговорност за трагедијата.

Таткото на Ѓоко Георгиев, загинатиот тапанар на групата ДНК, посочи и повеќе примери на однесување на полициски службеници од Струмица кон него при вадаење на посмртница за загинатиот син и при пријавување кражби од гробиштата.

Родителите на вчерашниот 9-ти Марш на Ангелите посочија и дека полицијата во Кочани ги снимала додека тие беа пред полициската станица во Кочани, градот во кој на 16-ти март во пожарот во кабарето Пулс и од последиците загинаа 62-ца, главно млади луѓе, а истрагата заврши со подготвување на обвинителен акт за 46 осомничени од кои само двајца актуелни функционери кои во моментот на пожарот биле на функција.

Миомир Серафиновиќ

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе