Uncategorized

Политичка волја за гласање со отпечаток со прст има, консензус нема?

Сите имаат политичка волја за гласање со отпечаток од прст, но консензус за Измени на изборниот законик  нема.

Министерот за правда не крие дека ДУИ го отвориле прашањето, но вели дека  несогласувањата се технички. Во моментот кога ќе се дефинираат сите детали, измените ќе се изгласаат во Собранието.

Маричиќ ги негира обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ, дека СДСМ не сакаат да се гласа со отпечаток од прст.

Тврди дека преговорите на ниво на партии се` уште течат, а членовите на ДИК веќе  предложиле и голем број на измени и технички спецификации.Верува дека со дијалог и разум, ќе се најде решение.

Од ДИК апелираат тоа да се случи што побрзо, за да може и технички да се изведе целиот процес.Ќе бидат потребни неколку месеци за да се распише меѓународен јавен тендер, за набавка на опремата, вградување во серверите на ДИК и на МВР и обука на тие што ќе работат со скенерите.

Велат дека тие направиле се` што е во нивна моќ, чекаат да се договорат работните групи.

Ако не се постигне договор, единствената алтернатива, според Даштевски, е одложување на изборите за еден месец, за да им се даде дополнително време на партиите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска дојде пред финансиска полиција – тврди дека заплашувале жени кои работат во Град Скопје

Дејан Дејан

Поддршка за епископот Партениј, негодување за избор со еден кандидат – верници најавуваат протест пред резиденцијата на МПЦ-ОА

Дејан Дејан

Идејата за една изборна единица „заживеа“ предизборно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе