Направени се измените во законот за безбедност во сообраќајот што се однесува до возачките дозволи. Во делот на патните исправи, станува збор за документ кој што е за меѓународна употреба и тој е поврзан особено со Преспанскиот договор и со преземените обврски и не е така едноставно да се каже дека ќе го смениме законот за патни исправи и ќе кажеме дека од утре или одрреден период ќе го продолжиме важењето за парните исправи, рече Снежана Калеска Ванчева од СДСМ во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Патните исправи не се за домашна употреба, туку се за меѓународна употреба, односно се патување надвор од границите. И доколку ние сме прифатиле и сме сфатиле дека ние имаме потпишан договор со Грција, дека имаме уставни измени и дека согласно тие уставни измени и договорот имаме преземено обврски, треба да ги испочитуваме и знаеме и знаевме уште тогаш со кои се последици, без разлика кој како ќе ги толкува, треба да се соочи нашата држава. Секако, тргнувајќи од тоа дека тоа беше условот за ние да станеме полноправна членка на НАТО алијансата“, рече Калеска Ванчева.













