Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден порача дека Путин има поголеми цели од Украина, јавноста му возврати да се грижи за САД

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше изјавата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека нема да спречи напад на Русија врз членки на НАТО, во случај да одбијат да ги исполнат финансиските обврски кон Алијансата.

„Знаете зошто Украина е важна? – Од причина што, како што можете да видите, рускиот претседател Владимир Путин се насочи на многу поголеми цели“, напиша Бајден.

Корисниците на платформата Х ја критикуваа изјавата на шефот на Белата куќа и го повикаа да се грижи за САД, а не за Украина, како и да не се посрамотува со таквите изјави и да поднесе оставка.

Претходно Трамп посочи дека како претседател на САД нема да дозволи помош за земјите од НАТО, доколку тие не ги исполнат обврските кон таа организација.

Трамп повеќе пати изјавуваше дека не верува во желбата на НАТО да ги заштити САД. Како претседател, тој го изразуваше незадоволство од работата на Алијансата и се закануваше дека САД ќе се повлечат од неа доколку европските партнери не преземат поголема финансиска одговорност за сопствената безбедност. Во исто време, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека САД нема да го напуштат овој воен блок, без оглед на резултатите од американските избори закажани за ноември.

Во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, Путин нагласи дека Москва нема намера да ги напаѓа членките на НАТО, особено не Полска, Латвија или други балтички земји.

Трамп: НАТО членки кои не плаќаат сметки, не би ги штител од Русија

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп порача дека би ја „охрабрил“ Русија во случај да нападне некоја од членките на НАТО која не ги плаќа своите сметки во рамки на Алијансата. Тој изјави оти еднаш му рекол на лидерот на НАТО дека нема да штити нација која доцни со исплатите доколку биде нападната од Русија… Продолжи со читање

telma.com.mk

Борел: Не може НАТО да зависи од расположението на американскиот претседател

НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, одговарајќи на изјавите на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп. „Ќе бидам саркастичен, во таа кампања ќе слушнеме и видиме многу работи. Да бидеме сериозни, НАТО не може да биде воен сојуз „по… Продолжи со читање

telma.com.mk