Вести Македонија Топ вести

Фирми од Србија, Црна Гора и Бугарија влегуваат во онлајн коцкањето во Македонија

lotarija, onlajn kockanje, Mozzart, Mocart, Vezuv, Volkano, Volcano, Telematik Interaktiv

Српска, црногорска и бугарска фирма ќе го организираа коцкањето преку интернет во Македонија.

Игри на среќа преку интернет ќе приредуваат српската компанија Моцарт, која е веќе присутна на македонскиот коцкарски пазар, и црногорската компанија Везув, сопственик на коцкарниците и спортските обложувалници Волкано. Веќе објавивме дека на македонскиот коцкарски пазар влегува бугарската компанија Телематик Интерактив.

Државната лотарија во новите три фирми ќе биде доминантен сопственик со 51 отсто, а странските партнери ќе поседуваат 49 отсто.vezuv lotarija rakovodstvo

Директорот на секоја од новите компании го поставува странскиот партнер, а од петмина членови на надзорниот одбор, тројца се од Државната лотарија, а двајца од странскиот партнер.

Директор на Државна лотарија Везув ДОО Скопје е Тихомир Фидановски, а во надзорниот одбор членуваат Ваљмир Зекири, Надица Антоновска, Олег Секуловиќ, Жељко Митровиќ, кој е директор на црногорската компанија Везув, и Дашмир Хоџа.

Директор на Државната лотарија – Моззарт ДОО Скопје е Душан Симовиќ, а во надзорниот одбор се директорот на Лотарија Перпарим Бајрами, Суљејмани Рилинд и Владо Петковски, и Слободан Веселиновиќ и Владимир Станојевиќ од српски Моцарт.mozzart lotarija rakovodstvo

Директор на Државна лотарија – 77 Битс ДОО Битола, преку која влегува бугарската компанија Телематик Интерактив, е Марина Милошевска. Во надзорниот одбор се Пеце Коруновски, Нафитула Елмазовски, Перпарим Бајрами, Пеце Трајковски и Мајљинда Рамадани.

Државната лотарија на 11 септември објави јавен повик до кој бара странски партнери за основање три трговски друштва кои ќе организираат игри на среќа преку интернет. Заедничките фирми се основани во изминатиов месец.

Во новите три фирми, Лотарија ја инвестира лиценцата за приредување на игри на среќа на интернет, а странските партнери по 2,171 милиони евра за оперативни трошоци.77 bits lotarija rakovodstvo

Игри на среќа преку интернет досега организира само Државната видеолотарија, која е заедничка фирма на Државната лотарија и Казинос Аустриа, а од пред неколку месеци онлајн игри на среќа самостојно почна да организира и Државната лотарија.

Лиценца за видеолотарија има и Новата државна видео лотарија НОВО ВЛТ, која е заедничка фирма на Државната лотарија и австриски Новоматик.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехрамбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе