Вести Македонија Топ вести

Груби со инструкции за директорите на клиниките од ДУИ да не ги почитуваат насоките на Меџити?!

Артан Груби во електронски пораки им наредува на директорите од ДУИ на клиниките да не примаат никакви одлуки од министерот за здравство Фатмир Меџити за разрешување, а ако е потребно да земат одмор или боледување за да се оправдаат како отсутни и да избегнат евентуално разрешување.

Според испратените пораки кои се појавија во дел од медиумите, станува јасно дека покрај заострените одности во самата партија Алијанса за Албанците, од чиишто редови доаѓа министерот Меџити, кој се приклони кон страната на Арбен Таравари, се отвора и фронт меѓу АА и ДУИ.

Министерот Меџити претходно тврдеше дека се соочува со притисоци и опструкции од Владата при спроведување на проекти како вработувања, катни гаражи и проширување на позитивната листа на лекови, а вината ја лоцираше директно кај министерот за политички систем Артан Груби.

Вчера пак обвини дека за раздорот во Алијанса одговорни се ДУИ и обвини дека дел од членството на партијата кумува со ДУИ за лични интереси. Порача граѓаните да бидат сигурни обидот за поставување Тројански коњ од страна на ДУИ нема да успее.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе