Вести Македонија Топ вести

Хелсиншки: Едни заробени дома, други во странство – Со промената на личните документи државата ги крши човековите права

Околу еден милион граѓани се заложници на лицемерието на државниот систем – По 12ти февруари, едни ќе останат заробени во сопствената држава, други во странство. Хелсиншки предупредува дека со промената на личните документи се кршат човековите права. Велат, постапката е долга и хаотична, а освен повреденото достоинство, граѓаните трпат и материјална штета.

  • Поради тоа сметаме дека институциите се однесуваат крајно понижувачки кон своите граѓани, не само заради целиот хаос околу вадењето на личните документи, туку и во однос на прекршувањето на уставните права. Имено, власта го прекршува уставното право на слободата на движење, опишано во член 27, став 2 од Уставот. Државата реално не може да се повика на ниту едно од уставно дозволените основи за ограничување на ова право, кои подразбираат заштита на безбедноста, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето“, изјави Славица Анастасовска, правен советник во Хелсиншки комитет.

Од вчера нема фотографирање за лични документи без закажан термин, а патот до него засега е речиси невозможен. Линиите за закажување се блокирани, бидејќи стотици граѓани истовремено ѕвонат во обид да дојдат до оператор. Хелсиншки апелира до надлежните, во најкус можен рок да ја реорганизираат својата работа, да изнајдат соодветни решенија и да ја амортизираат штетата што ја трпат граѓаните.

Од МВР со одговор дека едно од решенијата е зголемување на бројот на телефонски оператори.

  • „Во меѓувреме, се прави прочистување на списоците, на оние што веќе имаат закажани термнини, бидејќи последните закажувања беа во ноември оваа година, ова шето се прави сега е да се исчистат празните термини (има многу празни термини), и рокот за фотографирање да се врати неколку месеци наназад. Операторите од приватната фирма ќе се јават до граѓаните и ќе им понудат нов термин за фотографирање “, потенцира Тони Ангеловски, МВР.

Вчера министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека изминатиот викенд се ревидирани телефонските пријави за фотографирање и било утврдено дека дури 30 илјади термини се фиктивни и го кочат процесот. Најави нивно бришење од системот.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе