Вести Македонија Топ вести

Истрага за незаконски обиди за бугарска асимилација на Македонците во Албанија

Полицијата и обвинителството во Албанија отвориле истрага за незаконски активности и обиди за бугарска асимилација на македонското население во оваа држава, вели Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија.

Станува збор, вели Стерјовски, за лажни потврди за бугарско потекло кои ги издавале градоначалниците на некои општини на граѓани кои аплицирале за бугарски пасоши. Истата мрежа, ја спроведувала агресивната бугарска кампања за асимилација на Македонците пред стартот на пописот во Албанија.

Токму затоа, за партијата на Македонците во Албанија овој попис, чиј резултати треба да се објават во јули годинава, е нелегитимен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе