Вести Македонија

Таравари (не) бил на состанок со Мицкоски, ама Груби од шопинг на скапи брендови низ Виена шири лажни вести, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Телевизија Клан објави фотографија со тврдење дека станува збор за автомобил на Арбен Таравари кој е паркиран во гаражата под ВМРО-ДПМНЕ и дека лидерот на Алијанса бил на средба со Мицкоски.

Подоцна е утврдено дека автомобилот кој е на фотографиите всушност е на претседател на партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Мицкоски негираше било какви средби, а во демантот приложија и фотографии од шопинг во Виена на која се гледа министерот Артан Груби со брендирани кеси, но приложија и обвинување дека токму Груби ја креирал лажната вест за средбата.

-Прашуваме од каде знае Артан Груби кој е во Австрија (пазарејќи во еден од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

-Денес Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта. Наместо соопштенија во име на медиум и негова злоупотреба како да е прес центар на ДУИ, наредниот пат може да пушти соопштение и од својот личен маил. Се разбира под услов да е точно и вистинито, наведено е во демантот на ВМРО-ДПМНЕ на објавата на Тв Клан Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе