Вести Македонија Топ вести

Продолжуваат маките на граѓаните за вадење лични документи со новото уставно име

Продолжува голготата на граѓаните со вадењето лични документи, со новото уставно име на државата- Република Северна Македонија, на не цели две недели пред истекот на рокот на старите документи, кој е на 12 февруари. Граѓаните се жалат дека чекаат со денови и часови, а некои поради возраста не дочекуваат, па повторно се враќаат на пунктовите. Таква беше денешната слика пред пунктот на МВР во населбата Пролет.

Вадењето новите лични документи е обврска за граѓаните со Преспанскиот договор. Согласно договорот, тие имаа на располагање 5 години за промена на документите. Но, граѓаните осебно се револтирани што на своја сметка ќе мораат да вадат нови пасоши, лични карти и возачки дозволи, иако дел од нив ги добиле во 2020 и 2021 година, со старото уставно име- Република Македонија.

Пунктот во „Пролет “ го посети и новиот министер за внатрешни работи во Техничката влада,  Панче Тошковски. Запознаен од вработените дека работат мал број шалтери поради недостаток на кадар, тој најави дека ќе работи на надминување на проблемот на граѓаните.

Од МВР вчера за Телма кажаа дека се планира итна набавка на обрасци за патни исправи, отворање дополнителен пункт за издавање лични документи и зголемување на бројот на кадарот што ќе работи на пунктовите. Но, останува нејасно од кога и дали ќе продолжат полициските работници да ги носат новите лични документи на адреса на граѓаните, откако од Синдикатот на Полицијата реагираа дека тоа е спротивно на Законот  за лични карти, чиј член 13 ги обврзува граѓаните лично да си ги подигнат.

И покрај реакциите на наши државјани во странство дека не се достапни сите дипломатско – конзуларните претставништа низ светот, од МНР велат дека тие државјани кои престојуваат во странство и кои до 12 февруари нема да извадат нови пасоши , за да се вратат во земјава ќе треба да се обратат во дипломатско- конзуларните претставништва.

  • Истите можат да се вратат во Република Северна Македонија со Патен лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво, велат од МНР.

За вадење пасоши во странство , на нашите државјани кои престојуваат таму, на располагање за фотографирање им се најблиските дипломатско- конзуларните претставништва во кои МНР има воспаставено базни или мобилни станици. Закажувањето е по телефон или по електронски пат,  а, целата процедура ќе трае еден месец. Од МНР потсетуваат и дека по истекот на рокот на важење на старите пасоши, без нови патни исправи нашите државјани немаат можност да ја напуштат земјата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе