Вести Македонија

ДКСК:  56 иницијативи до Обвинителството, но ниту една истрага или обвинителен акт

Илјадници отворени предмети за корупција, судир на интереси, изборен процес и имотна состојба стотина иницијативи за утврдување на одговорност на функционери или за покренување на кривична постапка но ниту еден обвинителен акт, пресуда или разрешување од функција. Вака низ бројки може да се сумира сработеното во петгодишниот мандат на тимот на Антикорупциската комисија.

Претседателката Билјана Ивановска смета дека институциите мора да го сменат својот пристап и наместо декларативно вистински да почнат да се борат против корупцијата. Од формирањето на Антикорупциската комисија, пред речиси дваесет година, досега само една иницијатива за случајот „Бачило“ добила правна разврска.

Антикорупционерите велат дека директен притисок не им бил вршен, имало институционални пречки и препреки а како пример го наведоа случајот со Обвинителството за гонење на организиран криминал и обвинителот Ислам Абази кој на своја рака соопшти дека ја прекинува соработката со комисија.

Интересно е што ако нивните иницијативи не биле доволно цврсти за Обвинителството биле доволно издржани за функционерите да ги тужат за клевета.

Новиот состав на Антикорупциската комисија почнува со работа на 8 февруари а ќе го предводи Татјана Димитровска, дипломиран економист вработен во Државниот завод за ревизија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе