Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски за можната оставка на Алиу: Квалитетен човек е, сите министри се од четврток во оставка

/

Македонија

Сподели преку :

Во врска со информациите кои ги објави ТВ Телма дека министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу ќе поднесе оставка поради неподржување на законските предлози од неговиот ресор, Ковачевски одговори дека „целата Влада ќе биде во оставка во четврток околу 10 часот изутрината, така што нема потреба никој од министрите да поднесува оставка.“

-Министерот Алиу е квалитетен човек. Се работи за еден извонреден стручњак, доколку и политиката ја тргнеме на страна моето мислење секогаш ќе биде такво и пред да стане министер и како министер и нормално и откако нема да биде министер бидејќи никој не бил вечно министер, ниту пак некој бил вечно претседател на влада, изјави Ковачевски.

Според премиерот, целата оваа дискусија е во насока на законите што Министерството ги има предложено во Собранието, а и за коишто тврди дека веќе се подготвува расправа во Собранието.

-Има пратеници коишто имаат различни мислења по однос на дел од овие закони. Се работи за групата на закони за реформи на јавна администрација, за работни односи итн., меѓутоа сметам дека министерот Алиу ќе има добра можност да сето тоа го презентира на парламентарната комисиска расправа и подоцна на парламентарната пленарна седница. И мислам дека тој ќе биде тој којшто овие закони ќе ги презентира и треба да ги презентира бидејќи навистина напорно работеше на нивната финализација, истакна Ковачевски.

ОБНОВЕНО: Дали министерот за информатичко општество Азир Алиу ќе си поднесе оставка? Кои се причините и кој од владата му се јавувал?

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу се очекува да одржи прес-конференција денеска попладне на која не е исклучена можноста да поднесе оставка. Причина за тоа е што СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда и да го поминат пакетот европски закони, односно закони што се носат со европско знаме. Станува… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2