На прашањето дали меѓународниот фактор врши притисок да се потпише нон-пејпер меѓу партиите на Албанците во Македонија кои што после изборите не би требало да коалицираат со партиии кои не би спровеле уставни измени во период од 6 месеци, американскиот дипломат одговори дека нема нон-пејпер. Упати порака дека нон-пејпер треба да понудат партиите кои не кажуваат во каков правец ќе ја водат државата и дека граѓаните треба да го знаат.
-Ми кажаа дека ќе ме прашаат за нон-пејпер. Не знам за нон-пејпер и би сакал да се задржам на она што го кажав во ноември кога бев во Скопје, како и денеска. Сметаме дека граѓаните на Северна Македонија треба да решат за патот за напредок. Мислам дека една партија даде предлог за напредок и трпи критики затоа што некои луѓе го сакаат тоа или не го сакаат. Друга партија ветува дека ќе изнајде начин за патот напред и мислам дека можеби е фер граѓаните да побараат од таа партија да понуди нон-пејпер во кој ќе објасни која е нејзината визија и потоа ќе можете да решите меѓу визијата која ја знаете и нешто што е ветување, рече помошник-државниот секретар на САД (за Европа и Евро-Азија), Џејмс О‘Брајан, не именувајќи ги директно партиите по име иако преку описот на нивните активности се гледа дека пораката е упатена до ВМРО-ДПМНЕ.
Изјавата беше дадена на денешната прес конференција по завршување на Лидерскиот состанок на западен Балкан којшто се одржа во Скопје.