Вести Македонија

Сезонскиот грип ги полни амбулантите, здравствените експерти во дилеми дали маските се ефикасни

Бројката новозаразени со грип постојано расте, а здравствените експерти во дилеми дали маските ќе спречат ширење на болеста или не. Претседателката на Здружението на приватни матични лекари Чолакова со повик да не се крева паника и граѓаните добро да се информираат како да се заштитат. Занемарување на симптомите и лекување на своја рака може само да ја влоши состојбата.

„Има моменти кога некогаш некои пациенти биле болни и не ги испиле до крај антибиотиците,  им останале по неколку таблетки па при нова зараза сами почнале да ги пијат повторно на своја рака. Како професионалец апелирам тоа да не го прават туку да се слушнат со својот матичен доктор и да дојдат на преглед“, изјави д-р Лидија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

Иако само за една недела има повеќе од 1.000 заразени со грип, пикот на заразата се очекува да биде наредниот месец. Доктор Чолакова не верува дека маските ќе дадат ефект.

„Нема потреба од носење маски затоа што и самите маски кај некои пациенти предизвикуваат кашлица. она што го издишувате и го вдишувате. Грипови постоеле и претходно пред многу години и не се носеле маски.  тоа е периодично и поминува. Најважно е пациентот да биде во чиста средина, да излегува во природа. Треба повеќе да се внимава на имунитетот со внесување на течности“, додаде доктор Чолакова.

Сезонава починаа шест пациенти од грип, сите беа невакцинирани и со други болести. 45-годишна жена е шестиот пациент кој влезе во црните статистики. Во моментов бројката на хоспитализирани пациенти со грип е двоцифрена. По долго време Комисијата за заразни болести се состана, не донесе мерки туку само препораки и тоа маските да бидат задолжителни во болниците и домовите за стари лица и забрана за посети.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе