Вести Македонија Најважни

Хекуран Асани и Милан Кораќ, нови директори во М-НАВ – Надзорниот одбор го прифати предлогот на Владата

Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција директори во М-НАВ, дознава „Телма“. Надзорниот одбор на денешната седница го прифати предлогот на Владата донесен на седницата одржана на 9 јануари и ги разреши досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, ја задржа својата функција.

Поради законската процедура, надзорниот одбор ќе има уште еден состанок во понеделник кога ќе се потпишан записниците од денешната седница со што одлуката добива формално правна важност и потоа со пропратната документација ќе биде доставена до централниот регистар кој треба да ги впише двајцата нови директори – Асани и Кораќ.

Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк.

Инаку првичниот предлог на Владата беше Илир Мехмети, но по неколку часа Владата мораше да го повлече и да се коригира бидејќи не ги исполнуваше условите. Мехмети не е вработен во М-НАВ туку во Агенцијата за цивилно воздухопловство со што директно се кршеше член 17 оф Правилникот во М-НАВ кој предвидува на раководните места да се именуваат лица од редот на вработените.

Одлуката на Надзорниот одбор може да се смета како првиот чекор во решавањето на нарушените односи меѓу синдикатот и раководството на М-НАВ но и во расветлување на инцидентот и насилниот упад и во зградата на Контролата за летање и нападот врз контролор  кој го предводеше советникот на сега веќе поранешниот директор, функционерот на ДУИ беким Незири. По впишувањето на новото раководтво ќЕ може да се состане Комитетот за безбедност на М-НАВ кој треба да спроведе официјална истрага за инцидентот кој го предизвика незири и насилниците кои тој ги предводеше. Комитетот има изготвено прелиминарен неофицијален извештај кој веќе е доставен до агенцијата за цивилно воздухопловство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе