Вести Македонија

Ковачевски го прозва- Пендаровски негира дека треба да се јави кај грчките колеги за да дадат дозвола да се пролонгира рокот за документите

Ковачевски го прозва, Пендаровски негира дека обврската да се јави кај грчките колеги за да дадат дозвола да се пролонгира рокот за промена на личните документи е негова. Македонските институциите може да направат законските измени да важат и по 12-ти февруари, но ќе бидат залудни доколку Грција не даде дозвола тие да важат за патување надвор од Македонија. Претседателот Стево Пендаровски треба да крене телефон или да прати допис, твKoрди премиерот Димитар Ковачевски и додава дека се работи за документи за надворешна употреба и потребен е договор со грчките власти.

„Со грчките власти немам разговарано, тоа претседателот на државата нели презеде обврска да се слушне со претседателката на Грција. Имаме разговори кои што се водат со ресорните министри, ја видов и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставен суд. Таа иницијатива јас не ја отфрлам, не постои причина зошто да ја отфрлам тоа е одлука на Уставниот суд. Мислам дека документите за надворешна употреба им се потребни на граѓаните да патуваат надвор од државата и затоа треба да се постигне некаков договор и со Грција“, вели Димитар Ковачевски премиер на РСМ

Помош во процесот е прифатлив за претседателот на државата , но не и обврска за разговор со грчките колеги велат од кабинетот.

„Претседателот даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедурае во целосна надлежност на Владата и Собранието“, велат од кабинетот на претседателот.

Додека се чека одлуката на Грција дали ќе го прифати барањето на македонските колеги да се продолжи рокот за промена на патните исправи, граѓаните остануваат изложени на минусни температури со часови да чекаат за да извадат нов пасош. ИЗвесно е дека од зима граѓаните ќе дочекаат и лето без сите да ги обноват биометриските документи. Се загрозуваат патувања надвор од државата и годишните одмори.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе