Вести Македонија Топ вести

Неизвесни роковите за пасошите, а за другите документи нема дилема – важечките валидни и со старото уставно име

Личните карти и возачките дозволи со важечки рок, иако со старото уставно име – ќе продолжат да важат. Казни нема да има. Засега, само ова е дефинитивно.

Останува непознато како ќе се одвива ситуацијата со пасошите и дали властите ќе најдат начин да го продолжат рокот за замена на овој тип на документ.

Обврската за промена на личните документи произлезе од Преспанскиот договор. Рокот е пет години од влегувањето во сила на уставните измени.

Истиот истекува за точно еден месец, на 12 февруари.

„Оние лични документи коишто се за внатрешна употреба ќе важат. На пример, такви се личните карти. А, пасошите не се вадат поради институциите туку се вадат за граѓаните да можат да патуваат. Не е мала бројката од 1,2 милиони направени пасоши и издадени на граѓаните. Верувам дека МВР ќе продолжат со такво темпо. А, ние ќе ги испитаме сите можности и доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите. Повторувам, пасошите служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата. Тука не станува збор за личните карти коишто се за внатрешна употреба и тие секако ќе важат“ изјави Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Токму обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор биле предмет на дискусија денес на дипломатско ниво.

Министерот за надворешни работи Османи се сретнал со грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду. Разговарале и на други теми.

Нема детали дали Османи и Филипиду разговарале околу тоа како продолжувањето на рокот за промена на документите да се реши на меѓународно ниво со Грција.

„На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите помеѓу двете соседни земји. Беа разменети мислења за актуелните политички состојби, а беа разгледани и мерките и активностите кои Владата ги спроведува во насока на имплементација на обврските од Преспанскиот договор“ се вели во дел од соопштението на Министерството за надворешни работи.

Претходно, претседателот на државата Стево Пендаровски кажа дека „нема смисла хаосот да продолжи, а ќе ја известиме и Грција дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“.

Премиерот прифати да го отвори ова прашање на владина седница.

Важечките документи ќе бидат валидни на шалтери, во банки па и за за гласање на избори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе