Останато Спорт

Хитер славеше во Алтенмаркт и го презеде водството во супер велеслалом

Корнелија Хитер ја оствари првата сезонска победа во Светскиот куп во алпско скијање на денешната трка во супер велеслалом во Алтенмаркт.

Скијачката од Австрија на задоволство на домашната публика до вкупно петтата победа во кариерата дојде со време од 1:13,17 минути. Зад неа финишираше Норвежанката Касја Викоф Лие со седум стотинки послабо време, а искусната Лара Гут Бехрами беше трета.

Хитер со денешната победа го презема врвот во поредокот во супер велеслалом со 230 бодови, на второто место падна Федерика Брињоне, која го освои четвртото место и сега има  35 бодови помалку од лидерот.

Во генералниот поредок Микаела Шифрин води со 929 бодови, Брињоне е втора со 747 бодови.

Утре во Алтенмаркт се вози трката во спуст, а во недела на програмата е уште еден супер велеслалом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе