Вести Македонија

Четири лица се приведени за пукањето во тетовската болница, полицијата трага по уште едно

Доцна синоќа се приведени четири лица за пукањето во Ургентниот центар на тетовската Клиничка болница, а полицијата сè уште трага по едно.

Синоќа, како што информираат од СВР Тетово, се приведени Р.Т. (35) и М.Т. (44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М. (39) поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето што се случи околу 18 часот.

Со тешки телесни повреди се здобиле А.М. (41) и З.М. (36) од тетовското село Гајре.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе