Вести Македонија Топ вести

Спасени лица кои заглавиле со возило во снег кај Пониква

Спасени се лица кои синоќа заглавиле со возило во снег кај Пониква, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснуваат од ЦУК, заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, биле однесени на безбедно место, а возилото било извлечено од снегот.

„Вчера во 17:45 часот била пристигната информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини. Веднаш од ЦУК е извршен контакт со ДПСС „Осогово“, а во меѓувреме, екипа од МВР, со теренско возило, била упатена на местото каде што биле заглавени лицата. Вчерашната спасителна акција е успешно и навреме спроведена и покрај студеното и снеговито време“, додаваат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе