Вести Македонија Топ вести

(видео)Дритон Небиу за Телма: Фирмата на Мијалкови ги купила конфискуваните станови на Мијалков

Фирмата на Мијалкови ги купила конфискуваните станови на Мијалков, за Телма потврди директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу.

За околу 300 илјади евра, фирмата „Бест Веј инвестментс“ на Јордан Мијалков  купила три стана и една гаража на Водно од имотот кој претходно беше конфискуван од неговиот татко Сашо Мијалков во рамки на спогодбата со обвинителството за случајот Империја.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу за Телма ја потврди оваа скандалозна информација.

Според пресметките, Агенцијата овие луксузни станови на Водно ги продала за цена од по 1380 евра по квадрат.

Со Дритон Небиу разговараше Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе