Вести Македонија Топ вести

Вакцинирајте ги децата, имаме доволно вакцини – министерот Меџити со порака до родителите

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска повторно апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца, откако во земјава и регионот се појави голема кашлица.

Во изјава за медиумите, дадена по отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести, Меџити рече дека има доволно вакцини и дека од вчера е дадена наредба да се проверат сите вакцинални картони од бебиња.

„Крајно време да се смени менталниот склоп. Секое вакцинирање, значи спас на живот. Затоа ги повикувам родителите за доброто на нивните деца да ги вакцинираат и да ги превенираме ваквите појави“, рече Меџити.

Во однос на информациите за дефицит на лекови на Клиниката за онкологија, Меџити повтори дека дефицит на лекови за овие пациенти нема да има, освен ако некоја состојка ја нема на меѓународно ниво, но за тоа, како што посочи, навреме ќе информираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе