Вести Македонија Најважни

Кривичен денеска нема да носи одлука по жалбата на Обвинителството за Незири и неговите насилници

Кривичниот совет во скопскиот Кривичен суд најверојатно утре ќе одлучува по жалбата на Обвинителството за одлуката да се одредат мерки за претпазливост на Беким Незири и уште тројца осомничени за упадот и нападот во зградата на Контролата за летање на скопскиот Меѓународен аеродром. Претпладнево адвокатите на осомничените ги доставиле одговорите на жалбата на Обвинителството во Кривичниот суд, каде потоа е оформен предмет.

„Со оглед на барањето на странките во постапката, но, пред сè, заради доследно почитување на Законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста. Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, ја информира јавноста дека до овој момент Јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост“, информираат од Кривичниот суд.

Иако Владата постапи по барањето на Синдикатот да се разреши раководството на М-НАВ, премиерот Димитар Ковачевски денеска побара од трудовиот инспекторат да го провери работењето на Синдикатите во М-НАВ, изрази сомнеж во процесите и огласите за вработување и ја нарече М-НАВ семејна фирма, нешто што претходно го потенцираа од коалицискиот партнер ДУИ.

„Треба да се провери. Ќе има вонреден инспекциски надзор од Трудовиот инспекторат во делот на работењето на Синдикатите, бидејќи таму има повеќе синдикати. Прво сметам дека таа фирма е станата како семејна фирма, бидејќи кога ќе погледнете има вработување до трето колено. Вие кога ќе земете претседател на Синдикат, татко му работел таму, тој работи таму, брат му работи таму. На крај тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично се случуваат по дома кај луѓе. Ме разбирате? – Сметам дека треба да се испита, како што вели и Европската Унија, начинот на кој ги прават конкурсите, начинот и критериуми на селекција на кандидати и така натаму, да не се случи некој кандидат да добие готови тестови“, изјави премиерот Ковачевски.

Тим од финансиската полиција вчера, како што веќе најави, влезе во административната зграда на М-НАВ во центарот на Скопје за да го испита финансиското работење на компанијата, но и на Синдикатот, јавните набавки и како што нагласија огласите и постапките за вработување.

Оттаму информираат дека дел од документацијата е прибрана но и дека се чека останатите документи да им бидат доставени и потоа ќе почнал со анализирање на податоците.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе