Километарска колона возола повеќе од два часа чека за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево-Станке Лисичково.
Според информациите на МИА, како една од причините се наведува присуство на повеќе автобуси затекнати на овој граничен премин, додека дел од причините за застојот се и проблеми со системот за влез на граничниот премин Станке Лисичково.
Тука сме околу два часа, горе има околу осум автобуси, а колоната е долга над еден километар. Кога патуваме за Бугарија честа причина е и пад на системот од бугарска страна што предизвикува застој и на македонска страна, вели возач од Делчево.
Поголеми гужви за влез во земјава не се забележани, а поголема фреквенција на возила се очекува во полпладневните часови.