Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откако поради лекување беше пуштен во домашен притвор поранешниот заменик директор на УЈП Гури недостапен за органите на прогонот

/

Македонија

Сподели преку :

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот,дознава Телма.

Судот го ослободи од издржување на затворската казната и времено му ја замени со домашен притвор поради редовна терапија и лечење на болестите кои ги има.

Гури издржува затворска казна за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.

Притвор од 30 дена за Исмет Гури – прифатено барањето на ОЈО за екс заменик директорот на УЈП

Судија на претходна постапка го прифати барањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за Исмет Гури и му одреди 30 дена притвор. Притвор, покрај за поранешниот заменик директор на УЈП, е одреден и за уште две лица кои утрово, исто така, беа успасени во акцијата на  МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за… Продолжи со читање

telma.com.mk

Меѓу 15-те уапсени и Исмет Гури, направиле злоупотреби во УЈП, „огнените“ обвинуваат за заплашување

15-на бизнисмени, инспектори и вработени во УЈП, кои утрово се уапсени за злоупотреба на финансисксиот инструмент „даночен гарант“, се товарат за проневера на околу 840 илјади евра. Од приведените, најзвучно е името на поранешниот заменик директор на скопската дирекција на УЈП, Исмет Гури, кој минатата недела беше осуден на 3 и пол години затвор за… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2