Судија на претходна постапка го прифати барањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за Исмет Гури и му одреди 30 дена притвор. Притвор, покрај за поранешниот заменик директор на УЈП, е одреден и за уште две лица кои утрово, исто така, беа успасени во акцијата на МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување.
Мерка притвор е определена за уште лице кое е недостапно и за него ќе важи од денот на пронаоѓање. Притворот е определен бидејќи Кривичен смета дека се оправдани основите по кои обвинителството бараше притвор, а тоа се опасност од бегство, како и опасност од сокривање, фалсификување или уништување на траги и опасност од влијание врз сведоци со што би можела да се попречи истрагата.

15-на бизнисмени, инспектори и вработени во УЈП, кои утрово се уапсени за злоупотреба на финансисксиот инструмент „даночен гарант“, се товарат за проневера на околу 840 илјади евра. Од приведените, најзвучно е името на поранешниот заменик директор на скопската дирекција на УЈП, Исмет Гури, кој минатата недела беше осуден на 3 и пол години затвор за… Продолжи со читање













