Емисии Код

КОД: Војната на скопските банди и напад врз Раде Трајковски-Штекли

Егзекуторот кој го чекал Штекли во Ист гејт мол стигнал со такси, не го криел лицето, успеал да истрела 7 куршуми кон двете жртви, по што ладнокрвно избегал на вратата на главниот влез на молот додека Штекли со позајмена (украдена) туѓа кола го носел придружникот Димитар во старата градска болница и успеал да го спаси.

Ова се детали од реконструкцијата која КОД ја направи за последната престрелка во молот во кој во два наврати за два месеци, цел беше Раде Трајковски -Штекли.

Трајковски според министерот Спасовски е познат сторител, но во моментот неговото судско досие е чисто. КОД во оваа емисија ги бара одговорите зошто криминалните пресметки почнаа да се одвиваат на јавни места, каков е одговорот на надлежните кои треба да обезбедат сигурност на граѓаните, дали има пропусти во борбата против криминалните групи и дали единствено нарко-пазарот е причина за престрелките и нападите во кои само последната година беа убиени 5-мина високопозиционирани членови на групите Грчец и Беланоца.

На што се должат вооружените пресметки низ Скопје? Додека Министерот Спасовски чита статистики и се фали со успешни реализации во уличните пресметки вклучени се три групи. Дуќанџик против Беланоца и Барон. Локациски би се рекло и групата од Арачиново и онаа од Грчец.  Многу испукани куршуми многу мртви тела а решени убиства речиси и да нема.

Во КОД интервју со скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски кој открива дека обвинителство има посебен тим кој ги анализира истрагите и досегашните пресметки на скопските криминални кланови Дуќанџик и Беланоца. Како заклучок на сите истраги е што убијците користат украдени автомобили или регистрации кои потоа ги уништуваат.

Бубевски тврди дека има и правен проблем бидејќи со одлука на Врховниот суд од пред 15-тина години, како организирана криминална група се смета онаа која има најмалку три основачи или организатори. Таа одлука ја смета за апсурдна.

Емисијата „Војната на скопските банди и напад врз Штекли“ е емитувана на 29.10.2023.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вин Вин 03.07.2025

Дејан Дејан

Топ Тема Интервју со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски 02.07.2025

Дејан Дејан

Топ тема – Дали со „Полноќниот чекан“ на Трамп ќе го принуди Иран на капитулација 23.06.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе