Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Кои мистерии за смртта на Јелена Филиповиќ во сообраќајна несреќа, се скриени со признаена вина?

Ниските или условни судски казни за жртви во сообраќајни несреќи предизвикаа критики и дебати во јавноста изминатата недела.

КОД и во денешното продолжение за сличен судски процес, кој заврши во петокот, но со голема казна од 7 и пол години затвор за возачот кој пијан и под дејство на опијати предизвикал тешка сообраќајна несреќа која што забврши со смрт на 17-годишната кумановка Јелена Филиповиќ, лани во јануари кај Миладиновци.

Казната е изречена откако 22-годишниот возач призна вина, со што всушност сите докази се „закопуваат“ во судските архиви. Семејството на настраданата пак смета дека се направени огромни пропусти во истрагата, а клучниот доказ- снимка од безбедносна камера не открива детали како настрадала нивната ќерка туку само дава временски приказ на настаните.

На снимката (доказ предложен од обвинителството) не се гледа најважниот детал за семејството Филиповиќ. Што се случува со нивната Јелена. Таа според записниците е извадена од каналот 15 минути по несреќата, последна од тројцата патници во ситроенот. Јелена седела одзади, а автомобилот кој не можел да сврти од возачот удрил во оваа шина со знакот стоп од левата страна токму во вратата зад која била Јелена.

Според официјалната верзија заснована на вештачење, од ударот вратата била откорната, а пред да падне возилото во каналот тоа се вртело. Вештачењето тврдело дека во тоа вртење, Јелена испаднала и завршила околу три метри зад колата во каналот.

Но, тука почнуваат дилемите на семејството. Ги отвора овој полициски записник, кој всушност има многу грешки и пропусти кои подоцна биле признаени и од техничкото раководство на СВР Скопје. Прво напиашно е дека било дождливо време и лизгав коловоз, а според метеоролошките прогнози од тој ден, УХМР на родителите пишал дека била сумаглица. СВР Скопје прво ја прифатил забелешката за временските услови доставена од родителите, но потоа тврделе дека е исправен податокот за дожд бидејќи не ја гледале снимката од безбедносните камери според кои се гледало како врне.

Вториот пропуст е тоа што отпаднатата врата од ситроенот која останала горе до патот и до местото на ударот никогаш не е наведена во записникот ниту во скицата на несреќата иако биле заведени други поситни делови од ситроенот.

Во вештачењето стои дека Никола го возел автомобилот со брзина од 63 километри на час, што е за 13 повеќе од дозволеното иако на подвозникот во близина стои ознака за ограничување од 40 километри на час, а местото на несреќата е многу блиску до школо. Вештачењето тврди дека ударот во знакот на шина бил со намалена брзина од 48 км/час и вратата отпаднала. Понатаму уште се намалила брзината.

„ Откако остварило контакт со столбот, возилото остварило контакт уште и со земјената површина и и со работ на каналот со брзина од 42 км/час. Возилото со својот преден дел почнало да навлегува во каналот со брзина од 34 км/час. Потоа возилото со својот преден дел започнало да „пропаѓа“ во каналот, со предниот дел удрило во дното-коритото од каналот, а со задниот дел се издигнало нагоре. Во тој момент со задниот дел ротирало во насока спротивна на движење на стрелките на часовникот и со задниот дел се спуштило надоле“, стои во вештачењето, чии наводи биле поткрепени со фотографии направени со стопирање на видео-снимката од железничките камери на кои според објаснувањето од обвинителството се гледа токму таков развој на настаните.

Мали брзини кои се намалувале , но според вештачењето биле премногу силни и смртоносни. Смртта на Јелена настапила од силен удар со главата во страната на автомобилот после судирот со шината. Ова значи дека удар од 48 километри на час на возилото предизвикало толкава сила за смртоносниот удар кој предизвикал мозочни смртоносни повреди.

Вештачењето утврдило дека при вртењето веќе удрената Јелена излетала од автомобилот низ единствената откорната врата. Тоа значи дека таа излетала и паднала во каналот под мостот, а автомобилот се извртувал и играл се до конечното паѓање и смирување три метри пред веќе настраданата девојка.

Кобниот автомобил три дена по несреќата е вратен на сопствениците односно на застапници на возачот кој бил во болница. Предаден е на авто-плац, каде го наоѓаат роднини на загинатата Јелена и и утврдуваат дека предницата на ситроенот не е уништена или оштетена иако во полицискиот записник стои дека биле уништени и оштетени предните делови од автомобилот.

На овие забелешки на застапниците на загинатата, обвинителство одговорило дека во фотодокументацијата нема фотографии од предниот дел на автомобилот. Оштетувања на предниот дел на возилото биле наведени во полицискиот записник, па отпосле било признаено како грешка  Како грешка е признаено и тоа што во полицискиот записник стоело дека се активирале воздушните перничиња на возачката и совозачката позиција иако перничињата не биле активирани.

Во полицискиот записник е наведено и дека на Јелена не и земена крв и урина, иако неколку месеци подоцна е изработен медицински извештај дека имала алкохол и во крвта и урината. Родителите немаат добиено известување како е утврдено тоа иако во полицискиот записник е наведено дека не е земен материјал за обработка. Во решение доставено до нив, стои дека резултатите се добиени со токсиколошка анализа, но не се прецизирани дополнителни податоци за земање примероци.

Исто така во записникот е наведено дека Јелена од каналот во кој излетал автомобилот ситроен, ја извлекле сведоците Рамадан и Гајур иако и на снимките од камерите на железница и од сведоците на лице место е кажано дека Јелена од каналот ја извадиле Гајур и Кристијан.

Во полицискиот записник е наведено време на известување на полиција (2:15)многу подоцна од време на несреќата (1:26) или  подоцна од времето за кое сведоците тврделе дека повикале полиција за да ги известат за несреќата.

Код е вечерва на Телма во 19.15

Миомир Серафиновиќ

Случајот Јелена Филиповиќ имаше морбидно продолжение откако нејзиниот гроб беше ископан од затвореници во потрага по злато.

Во вечерашниот КОД на тема казнена политика за сообраќајни несреќи со жртви, интервјуа со обвинителот Бодан Лазаревски и Натали Петровска од коалицијата Сите за правично судење.

Во вечерашната емисија и приказна како единствениот осуден за трагедијата со дете кое настрада и загина во неисправен лифт во Куманово, е помилуван од Пендаровски па целосно ослободен од издржување казна поради здравствени причини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Гласачките места отворени на време, доцнеше почетокот на избирачко едно место во Тетово поради проблеми со апаратот за идентификација

Дејан Дејан

Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе