Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајкот на јавниот превоз во Загреб продолжува – нема договор меѓу градската управа и синдикатите

/

Свет

Сподели преку :

Штрајкот на работниците од ZET и „Загреб Холдинг“ продолжува и денес, откако претходниот ден јавниот превоз во Загреб беше речиси целосно запрен, информира Index.hr. Преговорите меѓу градската управа и синдикатите не резултираа со договор.

Градоначалникот Томислав Томашевиќ изјави дека Градот нема да попушти пред новите барања на синдикатите, додека синдикатите ги обвинуваат градските власти за прекинот на работата. Раководствата на ZET и на „Холдинг“ поднесоа барање до судот за забрана на штрајкот, а одлука би можела да биде донесена подоцна во текот на денот.