Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

/

Свет

Сподели преку :

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го потресе Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Агенцијата соопшти дека предупредувањето за цунами е за блискиот залив Ариаке на западните брегови на Кумамото, околу 900 километри југозападно од Токио.

Јапонската премиерка Санае Такаичи, во порака објавена на X, ги повика жителите да го избегнуваат крајбрежјето каде што се предвидува цунами до 1 метар.

Таа рече дека нејзината влада формирала работна група за собирање информации, проценка на можна штета и подготовка за спасувачки операции доколку е потребно.

  • „Животот на луѓето е на прво место“, рече Такаичи, повикувајќи ги жителите во силно потресените области да бидат внимателни во светлината на можни силни последователни потреси.

Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи соопшти дека нема извештаи за штети на големи јавни објекти и инфраструктура во регионот, иако властите сè уште ја проценуваат степенот на штета од земјотресот.

  • „Денес околу 16:27 часот, земјотрес со епицентар во Кумамото во префектурата Кумамото. Максимален сеизмички интензитет од 7 степени според сеизмичката скала на Јапонија беше регистриран во Хикава, Уки Сити, префектурата Кумамото. По земјотресот, беше издадено предупредување за цунами, со очекувани бранови од околу еден метар. Луѓето кои се во водата треба веднаш да го напуштат морето и ги повикуваме сите да се држат подалеку од брегот“ – Минору Кихара, главен секретар на кабинетот на Јапонија.

  • „Ја молиме јавноста да остане будна за можноста за понатамошни земјотреси со интензитет до 7 степени според сеизмичката скала на Јапонија. Особено, жителите во областите што доживеале најсилно тресење треба внимателно да ги следат информациите за евакуација издадени од локалните власти преку радио, телевизија, интернет и други извори и да останат смирени кога преземаат мерки,“ истакна Кихара.