Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека украинските одбранбени сили не изведувале никакви операции во водите на Бугарија, каде што претходно беа нападнати два цивилни брода, од кои едниот потона, а другиот е тешко оштетен.
Тој наведе дека украинските власти преку разузнавачките и безбедносните служби ги утврдуваат сите расположливи информации за, како што рече, новиот напад врз цивилни бродови во Црното Море.
Зеленски оцени дека новиот инцидент со цивилните бродови претставува продолжување на, како што наведе, руските настојувања западниот дел на Црното Море да го направи целосно несоодветен за пловидба.
„Оваа најнова трагедија со цивилни бродови е уште еден дел од напорите на Русија да го направи западниот дел на Црното Море целосно непогоден за пловидба.“, изјави Зеленски.












