Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Русија го прекрши договорот за енергетско примирје на Трамп – ЕУ со санкции за 1600 лица и фирми кои ја поддржуваат руската агресија

/

Свет

Сподели преку :

Украина ја обвини Русија дека воопшто не го почитува договорот за енергетско примирје во замена за ослободување на руските резерви на дизел гориво на светскиот пазар кој го објави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Овој унилатерен договор, според кој Москва веднаш ќе стотици илјади тони дизел гориво во наредниот период, во замена за привремено ублажување на санкциите и значителни економски отстапки од САД, наиде и на остри критики од европските министри за надворешни работи.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека набргу откако Трамп го објавил договорот на своите профили на социјалните мрежи, Русија продолжила со нападите на енергетските капацитети на неговата земја.

„Минатата ноќ руските рафинерии за нафта не беа во пламен, но на полноќ руски дрон „Шахед“ со млазен погон погоди објект за производство на гас во Украина. Имаше и руски напад врз обична бензинска пумпа со неколку дронови, а екипите за поправки сè уште работат на санирање на штетите од вчерашните напади. Значи, имаше руски прекршувања на енергетското примирје што го најави претседателот Трамп“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во име на ЕУ ја поздрави можноста за енергетско примирје, но и додаде дека не гледа знаци дека Русија планира да го почитува.  ЕУ денеска и дополнително ја прошири листата на санкции, против над 1 600-тини лица и правни субјекти, обвинети дека ја поддржуваат руската војна против Украина, од кои повеќе од половината се поврзани со производство на балистички проектили.

„Не треба да заборавиме дека Русија ја започна оваа војна. Треба да извршиме притисок врз Русија за да ја прекине војната, бидејќи ако Русија запре, Украинците нема да мора да преземаат никакви чекори за да ја бранат својата земја. Што се однесува до ваквиот договор, секако, се надеваме дека примирјето ќе се одржи, но досега не видовме дека тоа се почитува“, рече Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност

Европските министри уште подиректно порачуваат – против Русија мораме да го интензивираме притисокот, додека Трамп одлуката ја носи исклучиво во обид да ги подобри шансите на републиканската партија на претстојните избори во САД, на кои ќе се гласа за реизбор на сите 435 членови на Претставничкиот дом и 1/3 од членовите на Сенатот.

„Не мислам дека овој договор за дизел-гориво во реалноста ќе промени нешто во однос на цените на нафтата или дизелот на пазарот. Сметам дека тој е многу повеќе поврзан со внатрешната политичка ситуација во САД, со оглед на тоа што се приближуваат нивните избори на половина од мандатот на Претседателот“, рече Маргус Цахна, министер за надворешни работи на Естонија

Во својата кратка објава на социјалните мрежи во неделата, Трамп соопшти дека наводното примирје стапило во сила веднаш, додавајќи: „Не го прекршувајте!“

Како прв чекор, примирјето треба да ги опфати рафинериите за нафта, со што автоматски овој договор е поповолен за Русија. Украина има само една рафинерија, додека Русија 32 големи рафинерии.

Никола Илиевски