25 луѓе загинаа, а околу 100 се ранети, во нов руски напад врз Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според него, во нападите биле употребени балистички и крстосувачки ракети, како и беспилотни летала „Шахед“.
Најтешко погодени се Прилуки во Черниговската област, каде ракета „Х-101“ директно погодила петкатна станбена зграда. Во нападот загинале 19 лица, меѓу кои пет деца, а уште 55 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Зеленски нападот го осуди остро и го поврза со роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.
-Ова е подарокот што Путин си го подари за својот роденден – убивање деца и луѓе“, порача Зеленски.
Тој ги повикува светските лидери да не молчат за случувањата во Украина.












