Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загина работник во напад врз нуклеарката Запорожје – Напад врз Москва со повеќе од 860 украински дрона

/

Свет

Сподели преку :

Работник во нуклеарната централа Запорожје во Украина загина во напад со беспилотно летало, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија.

Станува збор за заварувач кој работел во централната работилница за поправки на електраната.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, го осуди нападот и порача дека секое загрозување на персоналот во нуклеарна централа е неприфатливо.

Тој ги повика завојуваните страни на максимална воздржаност за да се спречи евентуална нуклеарна катастрофа.

Засега не е соопштено кој стои зад нападот… Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест реактори, кои во моментов се исклучени, но и понатаму бараат постојано ладење.

МААЕ има свој постојан тим во објектот за следење на безбедносната состојба..

Москва ноќеска била цел на масовен напад со беспилотни летала од Украина, соопшти градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.

Според неговите информации, во Московскиот регион биле испратени вкупно 862 дрона, од кои 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.

Руските сили за воздушна одбрана пресретнале најголем дел од беспилотните летала, пренесуваат руските медиуми.

Станува збор за еден од најмасовните пријавени напади оваа година.

Претходниот напад со голем број дронови бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври, кога, според руските власти, биле испратени околу 613 беспилотни летала.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен, со оглед на тоа што се случил за време на самитот Русија-Африка.

Руските воени власти претходно соопштија дека и во ноќта меѓу 19 и 20 септември бил регистриран голем напад, при што биле уништени околу 1.600 дрона, од кои 450 биле насочени кон Москва.

Хуманитарен конвој со храна, медицински материјали и друга помош тргна во текот на ноќта кон градот Ољешки во јужна Украина, кој е под руска контрола.

Акцијата следува по неколкунеделни подготовки за организирање помош за жителите на градот, кој се соочува со сериозен недостиг на основни производи и услуги по руската инвазија во февруари 2022 година.

Според руската агенција „Известија“, во конвојот ќе патуваат и новинари од Франција, Италија, Русија, Украина и САД, а меѓу присутните е и руската комесарка за човекови права Лана Лантратова.

Русија и Украина вчера соопштија дека се завршени операциите за расчистување мини во околината на Ољешки, со што се создадени услови за доставување хуманитарна помош и евакуација на дел од населението.

Меѓувреме, руските сили извршиле напади врз индустриски објект во близина на Кременчук, како и врз Киев и Харков, предизвикувајќи пожари, соопштија украинските власти.

Нападите следуваат по смртоносните удари од претходниот ден.

Во исто време, градоначалникот на Москва соопшти дека руската противвоздушна одбрана одбила напад со беспилотни летала врз руската престолнина.