Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховниот суд го отфрли планот на Трамп за ограничување на гласањето по пошта

/

Свет

Сподели преку :

Врховниот суд го отфрли планот на американскиот претседател Доналд Трамп за промена на начинот на кој ќе се испраќаат гласачките ливчиња по пошта до гласачите низ целата земја. 
Одлуката на Судот доаѓа по бурните реакцции на изборните службеници – дури и од Републиканската партија кои предупредија на  катастрофални последици доколку се дозволи да стапи на сила предлогот на Трамп за  изборите оваа година. Според критичарите доколку предлогот не беше блокиран, тој ќе и дадеше на  американската поштенска служба невидена моќ да задржи потенцијално милиони гласачки ливчиња.
Трамп со години остро се противи на гласањето по пошта, изнесувајќи обвинувања за масовни измами.
Сепак, критичарите на Трамп овој потег го оценија како неуставно преземање власт, за чие спроведување Поштенската служба на САД (USPS) дури и не беше целосно подготвена.

Трамп остро го критикуваше судот преку долга објава на социјалните мрежи.

„Републиканците штотуку добија уште една неповолна одлука од Врховниот суд на САД – одлука за која на судскиот систем му требаше вечност, а потоа како причина делумно наведoa недостиг на време за спроведување решение за нашата целосно КОРУМПИРАНА катастрофа со гласањето по пошта, која е предмет на потсмев низ целиот свет и поради која сме единствената земја што мора да трпи таква ИЗМАМА што ја уништува нацијата“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.

„Ова не се луѓето што ги интервјуирав за да служат во Врховниот суд на САД; тие се само бледа сенка на она што беа претходно“, додаде претседателот.

Изборите кои секогаш  се одржуваат на средина на мандатот на претседателот се закажани за 3 ноември.