Градот Њујорк објави повеќе од 170.000 страници досега тајни документи за квалитетот на воздухот по терористичките напади во Вашингтон на 11 септемви во 2001 година. Материјалите откриваат дека тогашните градски власти знаеле за опасното ниво на загадување во подрачјето на урнатиот Светски трговски центар, иако ја уверувале јавноста дека воздухот е сигурен, пишува „Си-Ен-Ен“.
Документите ги објави градоначалникот Зохран Мамдани на пресд-конференција.
„Како минуваат годините, расте бројот на жртви. Со цената на 11 септември се соочуваме секогаш кога прерано ќе загубиме уште еден њујорчанец. Денеска, речиси 25 години подоцна, повеќе луѓе починаа од болести поврзани со 11 септември, отколку во самиот напад“, изјави Мамдани.
Во нападите на 11 септември во 2001 година загинаа речиси 3.000 луѓе. Но, илјадници други, вклучително и припадници на итните служби кои со месеци работеа на расчистување, починаа од карцином и други болести предизвикани од изложеноста на токсините.
Според податоците на Меморијалниот центар 9/11, најмалку 140.000 луѓе од сите 50 американски сојузни држави се вклучени во здравствената програма „Светски трговски центар“ (World Trade Center). Кај 49.000 е дијагностициран рак поврзан со последиците од нападот. Здравствената програма ја основа Конгресот во 2011 година, пришто таа не покриваше лекување на рак. Болеста е додадена во 2012 година по притисок на активисти и студии кои потвдија зголемено ниво на заболување меѓу пожарникарите кои работеа на Ground Zero.












