Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Виткоф и Кушнер презентирале нови идеи пред Путин за прекин на војната во Украина – денеска на средба со Зеленски во Киев

/

Свет

Сподели преку :

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер презентирале низа идеи на рускиот претседател Владимир Путин како можни начини за ставање крај на војната во Украина, соопшти советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, по синоќешната средба во Москва.

„Американските претставници беа целосно подготвени за ова патување. Тие не само што го повторија својот интерес за брзо прекинување на воените дејствија, туку претставија и низа идеи за можни начини за постигнување решение на конфликтот“, изјави Ушаков пред новинарите.

Тој не прецизираше какви се предложените идеи. Ушаков оцени дека разговорите биле „конструктивни, исклучително отворени и одбележани со доверба“, додавајќи дека руската страна изразила уверување дека ќе ги постигне своите цели.

Според него, разговорите не биле ограничени само на решавањето на украинскиот конфликт, туку биле разгледани и економски прашања, како и потенцијални големи руски и американски проекти од заемен интерес.

Средбата на Путин со Виткоф и Кушнер траела повеќе од три часа.

Американските пратеници по средбата отпатуваа за Киев, каде што денеска треба да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На почетокот на средбата Путин ги пофали напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за окончување на војната. Трамп во петокот изјави дека неговите пратеници во Москва носат нов предлог за прекин на конфликтот, но не откри детали.

Од разговорите во Москва засега нема најави за конкретен пробив во преговорите.