Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Ѓорѓе Давид: Не сум ја напуштил Македонија, моите документи се во Јавното обвинителство во Куманово

/

Свет

Сподели преку :

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој минатииот викенд со автомобил усмрти жена на автопатот кај Табановце не ја напуштил Македонија. Тој се обрати на социјалните мрежи и вели дека документите му се наоѓаат во Јавното обвинителство во Куманово.

  • Јас не сум ги добил своите документи, не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во Јавното обвинителство Куманово. Мене тоа ми прави проблем и предизвикува омраза кај овие луѓе кои мислат дека јас ви барам да го пишувате тоа. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми правите пекол од животот. Кога ќе ги имам документите и кога ќе ја преминам границата, јас прв ќе се јавам, вели за медиумот „Светски радио“ во видео објавено на Јутјуб, српскиот музичар Ѓорѓе Давид.

Ѓорѓе Давид се врати во Србија – последен пат во Кумановскиот суд се јавил во петокот

По сообраќајната несреќа во која српскиот пејач Ѓорге Давид усмрти 49-годишна Кумановка, се врати во Белград и како што јавија српските медиуми, тој најави дека ќе одржи прес-конференција на која ќе информира што се случило и како дошло до несреќата. Според информации на Телма српскиот музичар последен пат во кумановскиот суд се јавил во петокот.… Продолжи со читање

telma.com.mk