Смит Мачар е еден од неколкуте луѓе прогласени за херои затоа што успеаa да му ја одземат контролата на пилотот кој се обидел да го урне авионот. Тој иако покриен со крв успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците и екипажот да влезат и да се совлада напаѓачот и да се спасат 174 патници во авионот.
Јанив Хајoун, исто така бил меѓу оние во пилотската кабина и кој бил избоден. Тој е водоводџија.
Хајoун подоцна раскажал додека луѓето се бореле со напаѓачот „скокнал назад, ги зграпчил контролите и почнал да ги повлекува рачките“, како што гледал на телевизија. Потоа други членови на екипажот ја презеле контролата.
Д-р Шота Мусаев, стоматолог, исто така е меѓу оние што истрчале кон пилотската кабина. Тој за Си-Ен-Ен изјавил дека го затекнале напаѓачот како на пдоот го боде пилотот. Потоа се стрчал да му помогне на Мачар, „преплашен“ дека ќе умре.

Потоа, останатите членови на екипажот го стабилизирале спуштањето на авионот и го слетале безбедно. Меѓу оние што интервенирале бил и британски пилот кој не бил на должнос.
-Пилотите кои помогнаа се Европејци, еден од нив Британец, кои влегоа во пилотската кабина и го подигнаа авионот, го повлекоа јаремот, го стабилизираа авионот и нè слетаа во Саудиска Арабија.
🔴 Impressionnante vidéo au moment de l’attaque à bord du vol Flydubai reliant Dubaï à Tel Aviv.
Des passagers, dont deux pilotes hors service présents à bord, auraient aidé l’équipage à reprendre le contrôle de l’appareil.
Les deux pilotes aux commandes auraient été grièvement blessés lors de l’incident.
— air plus news (@airplusnews) September 30, 2026












