Трет ден по ред избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите.
71 полицаец биле повредени во насилни инциденти за време на тридневните протести во Тирана.
Генералниот директор на државната полиција, Скендер Хита, на прес-конференција апелираше до родителите и едукаторите да не дозволуваат децата и учениците да се користат како штитови во насилни дејствија насочени против институциите и приватниот имот.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по уништувањето на просториите на Колеџот на Европа во Тирана за време на вчерашниот протест, оценувајќи го овој објект како симбол на она што се случило во главниот град. Од просториите на оштетената канцеларија, Рама ја обвини опозицијата дека се обидува да ја попречи Албанија на патот кон Европската… Продолжи со читање












