Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Нови руски напади со балистички напади врз Киев има загинати и повредени

/

Свет

Сподели преку :

Напади со балистички ракети  извршила Русија врз Киев, но и врз други поголеми украински градови, соопштија украински претставници.

Во нападите во Запорожје загинале најмалку пет лица, а 20 се повредени.

Началникот на регионалната воена управа, Иван Федоров, рано утринава на „Телеграм“ објави дека во Запорожје биле погодени индустриски објекти и инфраструктура.

Во Киев, според првичните информации, едно лице е повредено. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека во главниот град се слушнале експлозии и ги повика жителите да останат во засолништата додека итните служби интервенираат на терен.


Украинскиот весник „Киев Индипендент“ извести дека Русија извршила уште еден напад со балистички ракети, а украинските воздухопловни сили објавиле предупредување дека руски ракети се движат кон градовите Суми, Харков и Чернигов.

По повеќе од четири години војна, Украина се соочува со недостиг од ракети-пресретнувачи за противвоздушна одбрана, што и овозможува на Русија да ја интензивира употребата на балистички ракети против Киев и други градови.