Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Искршени излози и прозорци, пожари и блокирани улици – студентски протести во Белгија

/

Свет

Сподели преку :

Стотици студенти излегоа на протести на улиците на белгискиот град Лиеж, поттикнати од немирите во образовниот сектор во соседна Франција. Според локалните медиуми, протестите прераснаа во нереди и уапсени се 107 луѓе.

Локалните власти сè уште не го потврдуваат бројот на уапсени. Белгиската новинска агенција Белга објави се апсењата се поврзани со казнени дела како уништување на имот и подметнување на пожари.

Студентите протестираат против образовниот систем во француското говорно подрачје на Белгија. Како главни проблеми ги посочуваат сè поголемите трошоци за образование, пренатрупаните училници и отежнат пристап до материјали.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Ситуацијата е хаотична, се бориме за правда“ и „Одбрав образование, а на Игри на гладни“.

Немирите во Лиеж доаѓаат по судирот меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел во јуни поради реформите во образованието. Меѓу нив и зголемување на школарината за мнозинството на студенти во француското говорно подрачје во Белгија од 835 на 1.194 евра.

На снимките што се шират на социјалните мрежи може да се видат искршени прозорци и излози, пожари, блокирани улици…