Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вандализирано градското Собрание во Марсеј, повредени над 900 полицајци – протести во Франција

/

Свет

Сподели преку :

Високите трошоци за живот и лошата состојба на јавните служби се причини за протести и во Франција кои според странските агенции се едни од најнасилните во последните неколку години. Судири меѓу демонстрантите и полицијата се забележани во неколку француски градови.

Демонстрантите во флуоросцентни елеци блокираа улици, палеа контејнери и оштетуваа јавен имот на што полицијата одговори со солзавец. Според властите, регистрирани се 140 протести надвор од Париз со над 30.000 учесници, а вандализирано е градското Собрание во Марсеј.

Сцените од Франција овие денови наликуваат на оние од движењето „Жолти елеци“ во првиот мандат на претседателот Макрон. Француските медиуми јавуваат за десетици повредени демонстранти, меѓу кои и тинејџер кој ја загубил дланката од шок бомба, а министерот за внатрешни работи изјави дека се повредени повеќе од 900 полицајци.

Протестите во Франција почнаа минатиот месец во средните училишта. Незадоволството од недостиг на наставници и лоши услови во училиштата прерасна во Движење кое протестира против нееднаквоста, јавната потрошувачка и животниот стандард.